Станбен објект – Дебарца

1. Локациски услови

Станбениот објект е лоциран на ул. Дебарца бр. 70. На к.п. 5297 к.о. центар теренот на кој ќе се гради објектот е со благ пад, а кота на приземје (односно кота ±0.00) е во ниво на заштитен тротоарот (влез во објект) а приземјето стенбен дел на кота +0.50м. На сите етази се стига преку вертикална комуникација, а преку платформа се стига во подрум кој е предвиден за паркирање на возилата на корисниците на станови. Пристап на возила како и пп возило и пешаци е од бул. “дебарца”.

3. Функционално решение

Објектот ќе биде функционално решен и обликован со современи архитектонски форми. Тој со својата габаритна маса како и секундарна пластика ќе се вклопи во околината .
Објектот е со спратност подрум, приземје мезанин, три ката и поткровје. Со следниве содрЖини:
Подрум: дел од подрумот се предвидува за паркирање на 10 возила до кој се стига преку платформа од приземјето, а врска со приземјето и останатите катови се обезбедува преку степениште и лифт.
Во останатиот дел од подрумот се испроектирани магацински простори за корисниците на станови како и хидрофорска станица.
Приземје: во приземјето со основниот проект беа предвидени два стана, на барање на инвеститорот едниот стан се пренаменува и истиот е во функција на стоматолошка ординација. Влезот во ординацијата е независен од станбениот дел односно до неа се пристапува од подест пред главниот влез за становите. Ординацијата се состои од чекална, санитарен чвор и ординација. Вкупна површина на стоматолошката ординација е 50,93м2и за истата согласно ваЖечките прописи се предвидува едно паркинг место. Другиот стан не ја менува својата функција. Покрај ординацијата и станот , на приземјето се сместени степеништето и лифтот во функција на вертикална комуникација.
Катови и поткровје: на катовите и приземјето остануваат по два трособни стана кои на барање на купците имаат ситни промени во внатрешниот простор.

4. Конструктивен систем

Објектот е со спратност : подрум; приземје; мезанин три ката поткровје.
Конструктивниот систем е армирано бетонски скелетен систем со правилен распоред на конструктивните елементи.
Столбовите се армирано бетонски со димензии 40/40и 35/40. Гредите се исто така арм. Бетонски со димензии 40/40см. Ме|укатната конструкција по сите етаЖи е армирано бетонска рамна таваници со д= 14см. Темелењето е со арм. Бетонски темелни самци укрутени во двата правца со темелни затезни греди. Кровот ќе биде изведен како двоводен дрвен кров со формирање на баxи, изведен над армирано бетонска плоча.
Измените сто се предлагаат во намената на просторот не бараат никакви промени во конструктивниот систем.

5. Обработки

сите предвидени материјали и детали на изведбата се во функција да ги задоволат неколкуте основни барања:
– термичката заштита на објектот (“демит” фасада, термички заштитени надворешни конструктивни елементи, прозори – изолациони алуминиумски со вградени термопан стаклени површини, термо-изолација на кровните поврвнини и сл.).
– лесно и ефикасно одрЖување на хигиената внатре во објектот
– естетски изглед на објектот
– трајност на објектот и минимализирање на оштетувањата што би биле предизвикани од евентуалното невнимание.
ГрадеЖно занаетчиските работи ќе се изведат према проект во согласност со техничките прописи и нормативе.

5.1. Подови

подовите во објектото ќе бидат изведени во зависност од намената на просторот така:
подот во подрумот ќе биде обработен со фербетон.
Влезниот хол во објектот ќе биде изведен од гранитни плочки лепени на подлога од цементен естрих д= 6-7см.
Подот во становите ќе се изведе во зависност од намената на просторот, и тоа во кујните под керамички плочки на подлога од цементна кошулка.
Во санитарните чворови подот ќе биде од керамички плочки на подлога од цементна кошулка со пад врз која ќе се нанесе хидроизолација.хидроизолацијата ќе биде изведена од “хидромал флекс” во три постапки.
подот во дневните соби, трпезариите како и спалните соби со дегаЖман ќе се изведе од дабов паркет лепен на подлога од цементен естрих д=4.5см. Поставен врз пливачки под од 2х1см стиропор комплет со пе фолија.
под од гранитни плочи ќе биде изведен на вертикалната комуникација – степеништето.

5.2. Зидови

Надворешните зидови во подрумот ќе се изведат како армирано бетонски со д=20-25см.
Надворешните зидови на целиот објект ќе се изведат од керамички блок д= 20см преградните зидови помеѓу становите како и према степенишниот простор се од керамички блок д= 25см двострано омалтерисан .
Преградните зидови во санитарните чворови и кујните да се изведат од тула д=12см. Двострано малтерисани а од страната на купатилата облоЖени со керамички плочки по цела висина. Останатите преградни зидови се од керамички блок д=12см сем преградата поме|у спална и дневна соба каде ќе се изведе зид од керамички блок д= 16см двострано омалтерисан.
Зидовите од платформата на приземје ќе бидат изведени како сендвич и тоа: зид внатре керамички блок д= 12см. Изилација стиропор д=5см и према платформа керамички блок д= 10см двострано омалтерисан.

5.3.плафони

Плафонот во подрум се облага со стиропор д=8см и истиот се кречи.
Таваните во станбениот процтор се глетуваат и бојат со поликолор.
Спуштените плафони во сите санитарни чворови по сите етаЖи ќе биде изведен од гипс картон плочи на метална подконструкција,глетовани и боени со поликолор.

5.4. Фасада

обработките на фасадата прикаЖани се во графичкиот дел од проектот.
фасадата ќе биде изведена со полни зидни маси и стаклени површини како одраз на зададените содрЖини.
полните зидни маси се обработени со “демит” термичка фасада изведена во се према прописи.

Write a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

eleven − 1 =